ЗА КОМПА

Осигурувањето не мора да биде комплицирано

Компа е новиот начин на кој Македонија се осигурува. Мисијата на Компа е едноставна: да го направиме осигурувањето транспарентно и разбирливо за секого.

Нашето долгогодишно искуство во осигурителната индустрија и во дигиталните индустрии ни даде увид во најголемите предизвици кога осигурувањето е во прашање, но и пристап до најдобрите дигитални алатки и практики за истите да ги надминеме.

Досега, граѓаните немаа лесен начин да ги соберат, разберат и споредат различните понуди на осигурителните компани. Истовремено, квалитетните продукти на компаниите тешко стигнуваа до граѓаните поради немањето пристап до ефикасен дигитален канал за промоција. 

Затоа ја создадовме Компа, онлајн платформа која овозможува брзо и лесно споредување цени и услови, и избор на идеалната полиса за сечии потреби. Ние сме мостот помеѓу граѓаните и осигурителните компании, градејќи доверба и сигурност за сите.

ТИМОТ НА КОМПА

Ова се луѓето
што работат за тебе

Тимот на Компа е идеален спој на луѓе кои имаат долгогодишно искуство и во осигурителната индустрија и во дигиталните индуструии. Комбинирајќи го ова искуство, гарантираме дека ќе го најдеме најкраткиот пат меѓу вас и совршената осигурителна понуда.

Дарјан Раденковиќ
Основач
Ива Трембелиева
Маркетинг
Андреј Гаштеоски
Софтвер
Предраг Негриевски
Дизајн
Иван Стевков
Продукт менаџер
Марија Ангеловска
Услуга на клиенти
Александра Стојановска
Услуга на клиенти
Ана Давидовска
Услуга на клиенти
ИМПРЕСУМ

Податоци за Компа

Целосен назив на компанијата: Друштво за дигитални услуги КОМПА ДИГИТАЛ ДОО Скопје

Седиште: бул. Партизански одреди 72а/107, 1000 Скопје

ЕДБ: 4057023564560

Одговорно лице: Дарјан Раденковиќ

Телефон: 070 268 000

e-mail: alo@kompa.mk

Често поставувани прашања

Најчести прашања што ги имаат корисниците на Компа

Што е Компа?

Компа е веб-платформа за споредба на осигурителни понуди од домашните осигурителни компании. Таа овозможува брз, лесен и разбирлив начин на споредба на сите достапни понуди, а со тоа и информиран избор и купување на онаа полиса која најмногу ви одговара.

Компа го скратува времето кое на корисниците им е потребно да ги најдат, разберат и споредат сите осигурителни понуди што се релевантни за нив и да го склучат осигурувањето онлајн во најкус можен рок.

 

Истовремено, Компа ја нуди и сопствената експертиза како помош при избор на најсоодветната полиса и информира за актуелните промоции, попусти и бенефиции кај осигурителните компании.

Да, целата услуга на Компа е апсолутно бесплатна. Ние не наплаќаме ништо кон клиентите за споредување на понудите или за помош при избор. Компа заработува од провизијата од партнерските компании.

Да, не само што цените што ќе ги добиеш од Компа се исти како во компаниите, бидејќи ги добиваме директно од нив, туку и нудиме гаранција за најниска цена, односно се обврзуваме да ја покриеме разликата во цена доколку добиеш поевтина понуда од истата компанија.

Сите осигурителни услуги за кои регулативата го дозволува тоа, на Компа се дигитализирани и онлајн. Плаќањето е секогаш онлајн, доставата на најголемиот дел од полисите исто така. Нашата заложба е максимално да ги поедноставиме процесите на вадење осигурување и тоа да може да го направите од дома или од работа, од вашиот мобилен или компјутер.

Имаш уште прашања

Контактирај не за помош.