Ја наоѓаме најдобрата Каско понуда за тебе.
Компа ги споредува понудите за Каско од 6+ компании на јасен и разбирлив начин и ти помага да ја избереш најповолната за тебе.
Клиентите на Компа штедат просечно 18.742 МКД на Каско полисата.






Како функционира
Споделуваш со нас минимум информации потребни да се впуштиме во барање понуди од осигурителните компании за тебе.
Ти ги испраќаме понудите, споредени на разбирлив начин, да можеш лесно да ја избереш најдобрата за тебе.
Целиот процес на вадење и плаќање на полисата е онлајн, а по потреба полисата ти ја доставуваме и на рака.
добиваш вреден подарок со секоја полиса!
Колку чини потполно Каско за најпродаваните автомобили?
Зошто Компа
Гранција за најдобра цена
Ако најдеш пониска понуда од нас, ние ќе ја покриеме разликата во цена и ќе ти дадеме екстра поволност.
Подарок со секоја полиса
Со секоја извадена полиса преку Компа добиваш вреден подарок за тебе, твојот дом или твоето возило.
Асистенција при пријава на штета
Тимот на Компа е тука за тебе во случај на настаната штета, да ти асистира во целиот процес со својата експертиза.
Марија Ангеловска
Со над 10 години искуство во осигурувањето, Марија е тука да ја пронајде најдобрата Каско понуда за тебе.
- Искуство и експертиза
- Достапност и професионалност
- Поддршка во случај на штета
Што велат другите за Компа?
„Истиот ден кога поднесов барање за Каско, добив јасно и концизно споредени понуди. Ми помогна многу брзо да ја изберам најдобрата и најисплатлива опција за моето возило.“
„Истиот ден кога го доставив барањето за понуда за Каско, добив јасно и коцизно споредени понуди, што ми помогна да ја изберам најдобрата и најповолната понуда за моето возило.“
Почни со споредување веднаш
Пополни кратка форма и добиј ги најповолните Каско понуди во рок од 24 часа!
Често поставувани прашања
Најчести прашања на клиентите на Компа за Каско осигурување.
Што покрива полисата?
Каско осигурувањето е доброволно осигурување на моторни возила кое обезбедува финансиска заштита од штети на вашето сопствено возило, вклучително и при сообраќајни незгоди без разлика дали вие сте виновни или не. За разлика од автоодговорноста, која ги покрива само штетите што ќе ги предизвикате на други лица и нивниот имот, каско полисата ги покрива штетите на вашето возило. Дополнително, каското обезбедува заштита и од кражба, пожар, елементарни непогоди, вандализам и други ненадејни оштетувања.
Зошто Каско преку Компа?
Компа ги споредува сите релевантни каско понуди на пазарот на едно место и ви ја прикажува најповолната опција според цена и услови, без потреба сами да собирате понуди кај повеќе осигурителни компании и да се трудите да ги споредувате. Наместо да плаќате повеќе од потребното, преку Компа можете реално да заштедите значителна сума, а притоа да добиете полиса што најмногу одговара на вашето возило и начин на користење – препорачана од нашите осигурителни експерти.
Дали услугата е бесплатна?
Да, целата услуга на Компа е апсолутно бесплатна. Ние не наплаќаме ништо кон клиентите за споредување на понудите или за помош при избор. Компа заработува од провизијата од партнерските компании.
Како се одвива процесот на Компа?
Откако ќе ни ги испратиш податоците за твоето возило, најчесто во рок од 1 работен ден, добиваш линк со најрелевантните Каско понуди за тебе, споредени на јасен и разбирлив начин. Доколку се решиш за некоја од понудите, целиот процес на вадење на полисата можеш да го завршиш преку нашиот сајт, електронски и без мака.
Кои други поволности ги нуди Компа?
Покрај бесплатното прибирање понуди и нивна споредба, со секоја извадена полиса Компа ти подарува Ваучер за автогалантерија по избор од нашиот партнер Carbox.mk.
Имаш уште прашања
Стоиме на располагање во било кое време за помош.
Совети и корисни информации