Заштити го домот по најповолна цена.
Компа споредува понуди за домаќинско осигурување од 7 компании на јасен и разбирлив начин и ти помага да ја избереш најповолната за тебе.
Просечна цена за осигурување на стан преку Компа е 3.870 МКД ГОДИШНО.






Како функционира
Споделуваш со нас минимум информации потребни да се впуштиме во барање понуди од осигурителните компании за тебе.
Ти ги испраќаме понудите, споредени на разбирлив начин, да можеш лесно да ја избереш најдобрата за тебе.
Целиот процес на вадење и плаќање на полисата е онлајн, а по потреба полисата ти ја доставуваме и на рака.
добиваш вреден подарок со секоја полиса!
Колку чини да го заштитиш твојот најважен капитал
Земена е просечна годишна цена за пакет со сите ризици: пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, демонстрации, излевање на вода од инсталации, кражба и разбојништво, поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање на земја, кршење на стакло, трошоци за сместување и штети кон соседи.
Просекот на цени/м2 за различни локации е земен од порталот ЦенаКвадрат.
Зошто домаќинско преку Компа?
Гранција за најдобра цена
Ако најдеш пониска понуда од нас, ние ќе ја покриеме разликата во цена и ќе ти дадеме екстра поволност.
Подарок со секоја полиса
Со секоја извадена полиса преку Компа добиваш вреден подарок за твојот дом.
Асистенција при пријава на штета
Тимот на Компа е тука за тебе во случај на настаната штета, да ти асистира во целиот процес со својата експертиза.
Ана Давидовска
- Експертиза и искуство
- Професионалност и достапност
- Поддршка во случај на штета
Што велат другите за Компа?
„За автоодговорност, услугата беше многу брза, а полисата ми беше донесена лично на адреса. Дополнително, добив подарок што сам го избрав, што целото искуство го направи уште подобро.“
„Преку Компа избрав приватно здравствено осигурување со јасно дефинирани покритија и услови. Точно знаев што вклучува полисата, колку чини и како се користи, што ми беше најважно при изборот.“
„Истиот ден кога поднесов барање за Каско, добив јасно и концизно споредени понуди. Ми помогна многу брзо да ја изберам најдобрата и најисплатлива опција за моето возило.“
„Процесот за осигурување на станот беше целосно онлајн, јасен и едноставен. Најмногу ми значеше тоа што брзо добив понуда, точно знаев што е покриено и немав никакви нејаснотии.“
„Компа многу ми помогна да изберам приватно здравствено осигурување кое најдобро одговара на моите потреби. Tимот ми беше од голема помош при комплетирање на документацијата за осигурувањето.“
„Истиот ден кога го доставив барањето за понуда за Каско, добив јасно и коцизно споредени понуди, што ми помогна да ја изберам најдобрата и најповолната понуда за моето возило.“
Почни со споредување веднаш
Пополни кратка форма и добиј ги најдобрите понуди за Домаќинско за еден работен ден!
Прашања
Што покрива домаќинското осигурување?
Домаќинското осигурување обезбедува заштита на вашиот дом и имот од најчестите ризици како пожар, поплава, кражба, елементарни непогоди, излевање од инсталации, како и одговорност за штети кон трети лица, на пример соседи. Со ова осигурување се обезбедува финансиска сигурност при непредвидени настани што можат да предизвикаат значителни трошоци.
Како да извадам домаќинско преку Компа?
Штом ни доставиш податоци за твојот дом, во рок од 1 работен ден добиваш споредени понуди од неколку осигурителни компании во кој јасно можеш да видиш кои ризици се опфатени, кои се ограничувањата и кои се цените. Штом ја избереш посакуваната понуда, осигурувањето го плаќаш онлајн и полисата заедно со подарок – ваучер од Ананас – ти ја доставуваме на мејл.
Дали услугата е бесплатна?
Да, целата услуга на Компа е апсолутно бесплатна. Ние не наплаќаме ништо кон клиентите за споредување на понудите или за помош при избор. Компа заработува од услугите на промоција на партнерските компании.
Што ако веќе имам полиса?
Доколку имаш полиса, истата со помош на Компа можеш да ја обновиш во истата компанија или да избереш друга, поповолна понуда доколку постои таква во понудите што ќе ги собереме за тебе. Важно е само да немаш две активни полиси во еден ист временски период.
Што во случај на штета?
Заедно со полисата, Компа ти доставува детално упатство за случај на штета. Она што е најважно е во случај на штета најбрзо можно да ја известиш компанијата во која е извадена полисата, па потоа и нас, за да може да ти асистираме во целиот процес на пријава на штетата.
Имаш уште прашања
Стоиме на располагање за сите потребни информации.
Совети и корисни информации